Во американската Долина на смртта измерени 54,4 степени, најтопло откако се мери

Во американската Долина на смртта во сојузната држава Калифорнија, едно од најтоплите места на Земјата, измерена е температура од неверојатни 54,4 Целзиусови степени.

Фото: ЕПА

Во петокот, 9 јули, беше измерена температура од 54,4 Целзиусови степени на локалитетот Фурнас Крик. Ден потоа, во саботата, беше измерена температура од 54,1 Целзиусови степени. За споредба, температурата на еден средно печен стек е 54,4-57,2 Целзиусови степени.

Температурата во Фурнас Крик во текот на ноќта не паднала под 32 Целзиусови степени.

Мерењето од петокот е идентично со ланското, но треба да се напомене дека експертите сè уште не потврдиле ниту едно од овие две мерења. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде највисоката температура некогаш измерена на нашата планета.

„Во модерната историја, највисоките температури некогаш измерени со користење сигурна опрема беа измерени во Долината на смртта“, изјави Крис Аутлер, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Лас Вегас, за американски НПР.

Иако во историските записи се споменува температура од 56,6 степени измерена на истото место на 10 јули 1913 година, оваа бројка никогаш не била официјално потврдена и повеќето метеоролози сметаат дека е неточна, особено поради температурите измерени истиот ден во околните области.

Аутлер рече дека стручната потврда на рекордните температури може да потрае, понекогаш подолго од една година. Температурата од 54,4 степени измерена минатата година сè уште поминува низ процес на верификација, објасни Аутлер.

Оваа година, подрачјето на Канада, северозападот на САД, северна Европа и Сибир беа погодени од низа рекордни топлински бранови. Нивната долготрајност ги истакна опасните ефекти од климатските промени предизвикани од човекот, пишува Гардијан.

Никос Кристидис, британски научник, вели дека се спроведуваат студии за да се измери нивото на влијанието на човекот врз климата, но веќе не се доведува во прашање дали тој ефект постои, туку колкав е тој. Тој наведува дека ваквите екстремни временски прилики би биле крајно неверојатни во свет чиј климатски систем не е на работ.

„Иако ова се фасцинантни бројки, тие во научна смисла не се изненадувачки, туку се во согласност со предвидувањата за тоа што ќе се случи во светот што се загрева“, рече Даниел Свејн, климатолог од Универзитетот во Калифорнија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе