Во Амазонија месецов на големо се сече шумата, еколозите го обвинуваат бразилскиот претседател

Во април нагло пораснало расчистувањето на шумите во бразилскиот дел на Амазонија, покажуваат денес објавените владини податоци.

Во првите четири месеци од 2020 година сечењето на шумите е за 55 отсто поголемо отколку во истиот период минатата година.

Уништувањето на шумите пораснало за 63 отсто во април во однос на истиот месец минатата година, покажуваат сателитските податоци на вселенската агенција ИНПЕ.

Во првите четири месеци од 2020 расчистувањето на шумите е за 55 отсто поголемо од истиот период минатата година, а уништени се 1.202 квадратни километри од Амазонија, наведува ИНПЕ.

Амазонија е најголемата светска прашума. Нејзиното зачувување е клучно за намалување на глобалното загревање поради апсорбирањето на големото количество на гасови со ефект на стаклена градина, истакнуваат научниците.

Уништувањето на „белите дробови на планетата“ трае повеќе од една деценија и продолжува и годинава. Еколозите за тоа го обвинуваат десничарскиот претседател Жаир Болсонаро кој ги поттикнува локалните дрвосечачи, рударите и ранчерите во тој регион. Болсонаро вети дека ќе ја развие таа област со поттикнување на земјоделството и рударството во заштитените области на прашумата.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе