Балканскиот „Пабло Ескобар“

Во Албанија по тригодишно криење се предаде еден од најголемите наркобосови (ФОТО)

Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши соопшти дека познатиот наркобос Кељменд Баљиљи ѝ се предал на полицијата по три години криење.

Леши кажа дека Баљиљи се предал по „долга и комплицирана операција“, на наведувајќи детали.

Баљиљи, поранешен висом функционер во локалната власт во градот Саранда на југот на АЛбанија, беше во бегство по налогот за апсење од соседна Грција, која го смета за шеф на организирана група за трговија со наркотици.

Медиумите го прогласија за балкански „Пабло Ескобар“.

Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека апсењето на Баљиљи е „голем чекор во борбата против организираниот криминал“.

Борбата против организираниот криминал, тровијата со дрога и корупцијата се највисоките приоритети на Албанија која се надева дека годинава ќе почне преговори за членство во Европската Унија.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе