Тргувале со дрога и луѓе

Во акција на Европол уапсени 64 члена на албанската мафија

Европол во петокот соопшти дека се уапсени 64 осомничени членови на албанската мафија, кои имале активности во европски земји како Белгија, Франција, Холандија и Италија.

Апсењата биле извршени во периодот од 3 до 5 април, а во операцијата, спроведена истовремено во Белгија, Франција, Холандија и Италија, учествувале над 600 агенти на европската полициска организација.

Се верува дека осомничените нелегално произведувале и тргувале со дрога и дека се поврзани со трговија со луѓе, проституција и перење пари, се вели во соопштението на Европол.

Наведената полициска акција била проследена и со сложена истрага на активностите на оваа организирана криминална група, која дејствува во Белгија, Франција, Холандија, Италија и Велика Британија, а се верува дека осомничените раководеле со поголем број плантажи на канабис распоредени низ цела Белгија и на северот на Франција. Некои од нив, исто така, биле вклучени во случај на трговија со луѓе во Франција.

Во полициската операција уапсени се 55 лица во Белгија, меѓу кои и лидерите на криминалната група, 7 луѓе во Холандија и уште 2 лица во Франција, а во акцијата покрај белгиската, учествувале и француската, италијанската, холандската и британската полиција и Европол, додека Европол помагал во истрагата овозможувајќи размена на информации, проверка на податоци во реално време и друга неопходна техничка поддршка.

До денес во оваа истрага се отстранети 15 затворени плантажи канабис, а запленети се 8.255 билки канабис, околу 100.000 евра во готовина и во злато, четири луксузни автомобили и 63 електронски уреди.

Албанскиот организиран криминал останува голем проблем за сите земји од Европа, а тој е закана што Европол ја сфаќа мошне сериозно. Се очекуваат и други операции од овој вид во блиска иднина, како полициски одговор на овој вид криминална активност, се вели на крајот на соопштението на Европол.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе