Во Африка започна вакцинацијата, претседателот на Танзанија смета дека вакцините се заговор

Некои африкански земји започнаа да вакцинираат против ковид-19, соопштија регионалните здравствени власти, додека СЗО го повикува претседателот на Танзанија - кој се противи на вакцинацијата затоа што се потпира на алтернативни лекови и на Господ - да верува во науката.

EPA-EFE/SIPHIWE SIBEKO

Џон Нкенгасонг, директор на телото за контрола и превенција на болести на блокот на Африканската унија (АУ), рече дека неколку земји почнале да вакцинираат: Мароко, Египет, Сејшели и Гвинеја.

„Гвинеја многу ограничено, направени се само 50-60 вакцинации. Но, овие други земји започнаа претежно со вакцината од Кина“, рече тој на брифинг преку интернет.

Со претходно обезбедени 270 милиони дози, АУ потпиша договор со индискиот Институт за серум за 400 милиони дози за вакцината на Оксфорд/АстраЗенека.

„Запомнете, ова се шири на оваа и на следната година“, додаде Нкенгасонг, чии африкански Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) сè уште не даде детали за распределбата. Здравствените тела се надеваат дека годинава ќе вакцинираат околу 30-35 проценти од Африканците.

Здравствените работници се револтирани од танзанискиот претседател Џон Магуфули, кој го обесхрабрува носењето маски и физичкото дистанцирање, предупредува дека вакцините се опасни и не објавува податоци за коронавирусот од средината на 2020 година.

Вчера, Магуфули без докази рече дека вакцините се заговор од странство за ширење на болести и кражба на африканското богатство. Тој ги повика Танзанците да веруваат во Бога и да користат алтернативни лекови како што е вдишување пареа.

„Ние во Танзанија успеавме да останеме без корона една година. Тука дури никој не стави ни маска. Нашиот Бог е над сатаната и никогаш нема да успее користејќи се со разни болести“, рече тој во говор во средата.

Владата на Танзанија не објавува податоци на национално ниво од 8 мај, кога имаше 509 случаи и 21 смртен случај.

Лидерот на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка, Матшидисо Моети ја повика Танзанија да спроведуваат некои мерки како носење маски и други, да се подготват за вакцини и да споделуваат податоци.

„Африка е на размеѓе и сите Африканци треба да ги удвојат превентивните мерки“, рече тој на онлајн прес-конференција, додавајќи дека претставниците на СЗО биле во контакт со танзаниските власти. „Науката покажува дека вакцините делуваат“, посочи тој.

Иако ковид-19 не ја погоди Африка толку силно како другите региони, експертите стравуваат дека нееднаквоста во богатството, логистичките тешкотии и „национализмот на вакцините“ на развиените земји може да го стават сиромашниот континент во неповолна положба.

Во популација од 1,3 милијарди луѓе, Африка забележа 3,5 милиони инфекции и 88.000 смртни случаи, според пописот на Ројтерс. Тоа е помалку смртни случаи отколку во одделни држави, САД, Бразил, Индија, Мексико и Велика Британија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SIPHIWE SIBEKO

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе