Падот на само 22.770 прифаќања се објаснува со пониските квоти на земјите приматели, ограничените летови и доцнењата во процесот на прием поради пандемијата на коронавирусот, објаснува Високиот комесаријат за бегалци на ООН (УНХЦР), кој во 2019 година успеал да пресели 63.696 бегалци.
„Можеме само да се надеваме дека 2020 година е пример за екстремни нерегуларности во преселувањето на бегалците и затоа итно ги повикуваме владите оваа година да ги зајакнат своите програми и да ја забрзаат обработката на барањата за азил, со што ќе се спасат животите на оние што се изложени на најголем ризик“, рече Џилијан Тригс, претставничка на УНХЦР.
Повеќето бегалци преселени од УНХЦР минатата година дошле од Сирија, Конго и Мјанмар.
Најголем број бегалци минатата година примиле САД, 6.740, но една година претходно во таа земја биле примени 21.159. Истата година Шведска примила 3.543 бегалци преку програмите на УНХЦР, а Канада 3.496 бегалци.
Огромното мнозинство од вкупно 26,4 милиони бегалци што ги напуштиле своите матични земји поради војна и прогонства се во соседните земји. Приоритет за преместување имаат најранливите групи, меѓу кои и лицата со посебни потреби.