Во 1992 Трамп одржал „ВИП-забава“: тој, Епстајн и 28 жени

Доналд Трамп направил ексклузивна журка за себе и Џефри Епстајн, поканувајќи 28 жени за да ги забавуваат.

Според Њујорк тајмс, Трамп еднаш направил ексклузивна забава во својот клуб „Мар-а-Лаго“ во Палм Бич, комплетирана со повеќе од дваесетина жени - но на списокот на гостите биле само тој и Епстајн.

Годината беше 1992 година, а настанот беше натпревар за девојки за календар, пишува Тајмс. Нешто што, по барање на Трамп, го организирал Џорџ Хурани, бизнисмен со седиште во Флорида.

Хурани во понеделникот за Тајмс изјави дека го информирал Трамп дека договорил 28 девојки да присуствуваат на настанот и го прашал тогашниот магнат за недвижнини кого сè поканил на забавата. Трамп одговорил дека ќе присуствуваат само тој и Епстајн.

„Му реков, ‘Доналд, ова треба да биде забава со ВИП-ови. Ти ми викаш ќе бидете ти и Епстајн?'“, раскажа Хурани во интервјуто.

Потоа му изразил загриженост на Трамп, се потсетува Хурани: „Јас реков: 'Види, Доналд, стварно го познавам Џеф, не можам да го местам да брка помлади девојчиња.' Тој рече: 'Пази, јас го ставам моето име на ова. Не би го ставил моето име на ова кога би имало скандал“.

Хурани рече дека морал да му забрани на Џеф да доаѓа на неговите настани - „но на Трамп не му беше гајле за тоа“.

Трамп неделава истакна дека 15 години нема разговарано со Епстајн и дека не му е „обожавател“ на пропаднатиот џетсетер.

Белата куќа не одговорила на барањето на Тајмс за коментар.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе