Таа се решила на овој чекор поради насилното задушување на народните немири предизвикани од смртта на младата иранка Махса Амини во притвор на полицијата за морал.
Видеото од изјавата на Фарида Морадкани, инженер чиј покоен татко бил истакнат опозиционер и шура на Хамнеи, беше широко споделена на интернет откако опозициската новинска агенција ХРАНА објави дека Морадкани била уапсена на 23 ноември, пренесува Ројтерс.
„О, слободни луѓе, бидете со нас. Кажете им на вашите влади да престанат да го поддржуваат овој смртоносен режим кој убива деца. Овој режим не е лојален на ниту еден религиозен принцип и не познава правила, освен сила и останување на власт“, рече Морадкани во нејзиното видео.
Агенцијата ХРАНА објави дека за време на двомесечните немири, ширум земјата биле убиени 450 демонстранти, меѓу кои 63 малолетни лица, дека животот го загубиле 60 припадници на безбедносните сили, а приведени се 18.173 демонстранти.