Внук на покоен американски претседател бара ексхумација, сака да потврди дека се во роднинска врска

Внук на поранешниот американски претседател Ворен Хардинг тргна во правна битка барајќи ексхумација на останките на републиканскиот лидер за да потврди дека се во роднинска врска, објави Би-би-си.

Џејмс Блесинг пред судот рече дека сака да го утврди своето потекло со „научна сигурност“.

Но, другите членови на семејството на Хардинг се спротивставуваат на барањето поднесено во мај.

Тие велат дека ги прифатиле ДНК доказите дека мајката на Блесинг, Елизабет Ен Блесинг, била ќерка на Хардинг и Нан Бритон.

Хардинг, 29 претседател на САД, бил во вонбрачна врска со Бритон пред и за време на неговиот мандат од 1921-1923 година.

Аферата станала позната дури откако Хардинг починал од срцев удар во 1923 година додека тој сè уште бил на должност.

Бритон ја открила нивната врска во книгата од 1927 година „Ќерката на претседателот“, но никогаш не барала да се утврди татковството на Хардинг. Хардинг немал други деца.

Потоа, во 2015 година, генетски тест потврдил совпаѓање помеѓу ДНК на Блесинг и ДНК на други двајца роднини на Хардинг. Биолошката врска на Блесинг со Хардинг е официјално потврдена од АнсестриДНК, подружница на Ансестри.ком.

И покрај тоа, нов заплет избувнал во пресрет на 100-годишнината од изборната победа на Хардинг во 1920 година.

Неговите обожаватели се подготвуваат да отворат нов претседателски центар во Марион, град во Охајо, каде што е роден во 1865 година.

Но, Блесинг смета дека тој и неговата мајка во музејот не го добиле местото кое го заслужуваат.

„Направив тест и ги објавивме резултатите во 2015 година. Сега е 2020 година и никој ништо не ме прашал“, рече тој.

Блесинг смета дека тој, неговата мајка и баба заслужуваат „нивните приказни да бидат во музејот“.

Барањето на Блесинг за ексхумација на останките на Хардинг од мавзолејот во Марион го доведува во прашање другата гранка на семејството.

„За жал, раширеното јавно признавање и прифаќањето од потомците, историчарите и биографите (и самиот Блесинг) дека Блесинг е внук на претседателот Хардинг нему не му е доволно“, напишаа роднините во документот доставен до судот.

Фондацијата која управува со музејот на Хардинг, „Охајо хистори конекшн“, изјави дека не застанува на ниту една страна во семејниот спор.

Сепак, таа го повика судот добро да размисли пред да донесе одлука за евентуалното отворање на саркофагот на Хардинг.

Непрофитната организација посочува дека ги прифатила резултатите од ДНК тестот во 2015 година како „факт“ и дека планира да им посвети дел од музејот на Бритон и нејзината ќерка.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе