Внук на Пабло Ескобар нашол 18 милиони долари во неупотребливи банкноти (ВИДЕО)

Внук на покојниот шеф колумбиски наркокартел Пабло Ескобар открил една од неговите скривници со 18 милиони долари, пренесе вчера мрежата Ред мас нотисијас.

EPA-EFE

Николас Ескобар изјавил за мрежата дека скривницата била во неговата куќа во Медејин, градот во кој беше седиштето на Ескобар и неговиот картел.

Внукот кажал дека „укажување“ го довело до одреден дел од куќата каде што ги открил парите во смрдлива пластична ќесе.

Банкнотите стари неколку децении биле во толку лоша состојба што се неупотребливи.

Во вреќата имало и злато, уреди за комуникација, снимки, машина за пишување, моливи и камера со филм кој не можел да се развие.

Приказните за скривниците на Ескобар сѐ уште кружат по Медејин.

Николас Ескобар, кој се гордее со роднинската врска со наркобосот, вели дека нашол неколку скривници.

Еден од најбогатите криминалци во историјата Пабло Ескобар имал годишни приходи од милијарди долари.

Обвинет за околу 6.000 убиства, лидерот на наркокартелот беше убиен во 1993 година на 44-годишна возраст во Медејин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе