Нова американска студија

Влажниот и топол воздух го скратува животот на коронавирусот

Истражувачите велат дека новиот коронавирус, САРС-КоВ-2, е помалку стабилен при поголема влажност и повисока температура.

Фото: Роберт Атанасовски

Временските услови влијаат врз стабилноста на новиот коронавирус во човековата назална слуз и шлајм, според нова студија, која вели дека во периодот по пандемијата може да има сезонски појави на ковид-19 ако времето го помага ширењето на болеста.

Истражувачите, меѓу кои и Џеремаја Матсон од универзитетот Маршал во САД, велат дека новиот коронавирус, САРС-КоВ-2, е помалку стабилен при поголема влажност и повисока температура.

Во студијата, објавена во списанието Емерџинг инфекшс дизизис, САРС-КоВ-2 бил измешан со примероци на човечка носна слуз и шлајм, кои потоа биле изложени на три различни комбинации од температура и влажност во текот на седум дена.

Научниците велат дека примероците биле собрани во текот на студијата и било анализирано присуството на заразен вирус, како и само на вирусен генетски материјал РНК, кој не е заразен.

Тие велат дека вирусната РНК постојано се забележувала во текот на седумдневната студија, додека заразниот вирус можел да се најде најмногу до 12-48 часа, во зависност од условите на околината.

„Вирусот е постабилен при услови на ниска температура и ниска влажност, додека потоплата температура и поголемата влажност го скратија неговиот полуживот“, забележаа научниците во студијата.

Поради намалената површинска стабилност на САРС-КоВ-2 во човечката носна слуз и шлајм во потопли и повлажни услови, научниците веруваат дека преносот на вирусот може да биде намален во таквите временски услови.

„Климатското влијание врз стапките на пренос на САРС-КоВ-2 може на крај да доведе до динамика на сезонска појава во постпандемскиот период“, забележаа истражувачите.

Во друга студија, објавена месецов во Емерџинг инфекшн дизизис, тим истражувачи, меѓу кои и Метсон, беше оценета ефикасноста на деконтаминацијата и повторната употреба на респираторната маска Н95 против САРС-КоВ-2.

Беше откриено дека пареата од водород пероксид и ултравиолетовата светлина се најефикасни во деконтаминацијата на маските доколку правилно се ракувало со нив.

„Пандемијата на ковид-19 беше трезвено потсетување дека заразните болести и понатаму претставуваат голема закана за здравјето на луѓето и бараат постојана посветеност кон истражувањето“, рече Метсон.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе