Поделени околу односот кон економската помош од фондовите на ЕУ

Владејачките партии во Италија и понатаму без договор за нова влада, рокот истекува вечерва

Политичките партии кои ја сочинуваат владата на Италија со технички мандат денес ги продолжија дебатите околу клучните прашања, а токот за напредок во преговорите за ново владејачко мнозинство истекува вечерва.

EPA-EFE

Лидерите на партиите од владата на премиерот Џузепе Конте навестија во паузите на преговорите дека и понатаму се поделени околу односот кон економската помош од фондовите на ЕУ за заздравување од пандемијата на коронавирусот, но и околу минималниот доход и реформата на правосудниот систем.

Главниот спор се води меѓу популистичкото Движење на пет ѕвезди, најсилната владејачка партија блиска до Конте и малата партија Вива Италија на некогашниот премиер Матео Тенци.

Движењето на пет ѕвезди се противи на прифаќањето на милијарди евра позајмица од ЕУ за здравствениот систем, стравувајќи дека така Италија ќе стане подложна на диктати од Брисел, на пример во врска со мерките за штедење.

Популистите сакаат да ја задржат и гарантираната минимална заработка за невработените и Италијанците со ниски примања, што е едно од обележјата на нивната власт.

Од друга страна, Ренци инсистира дека Италија треба да ја прифати помошта од ЕУ за здравствениот систем и го критикува механизмот на минимален доход како неефикасен.

Меѓу двата огна се најде Демократската партија, партија од левиот центар која долго време беше најмоќна во Италија.

Италија се најде во новата политичка криза откако Конте поднесе оставка на 26 јануари бидејќи не успеа да обезбеди ново стабилно мнозинство во Сенатот откако партијата на Ренци му ја ускрати довербата.

Како причина за напуштањето на коалицијата на Конте партијата на Ренци го наведе спорот околу трошењето на над 200 милијарди евра од фондовите на ЕУ.

Претседателот на Италија Серџо Матарела му даде во петокот на претседателот на долниот дом на парламентот Роберто Фико задача да утврди дали партиите од досегашното владејачко мнозинство можат да формираат нова одржлива коалиција која итно треба да се позанимава со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Новата влада треба да се справи и со економската криза. Властите вчера објавија дека во 2020 година се изгубени околу 450.000 работни места.

Националистичката партија Лига на Матео Салвини, која според најновите анкети го престигнала Движењето на пет ѕвезди, бара вонредни избори, уверена во своја победа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе