„Каква одлука ќе биде донесена, сè уште не е одлучено. Нашата порака е дека на 15 мај раководството на партијата ќе заземе став“, кажа секретарот на Социјалдемократската партија Тобијас Баудин за шведското државно радио РС, пренесува Ројтерс.
Руската инвазија на Украина предизвика итно преиспитување на безбедносната политика и во Шведска и во Финска.
Се очекува и финскиот претседател Саули Нинисто оваа недела да објави дали го поддржува влегувањето на Финска во западниот воен пакт.
Обраќањето на Нинисто би можело да придвижи неколку интензивни недели за време на кои мапата на безбедносната архитектура на северна Европа би можела да биде сменета.
Ова преиспитување и промена на ставот за членството на Шведска во НАТО речиси сигурно води кон приклучување на таа земја на Северноатлантската алијанса, оценува Ројтерс.