Владејачката коалиција во Украина се распадна, можни се вонредни избори

Владејачкото мнозинство во Украина денес се распадна откако партијата Народен фронт излезе од коалицијата на поранешниот претседател Петро Порошенко, што потенцијално значи дека новиот претседател Володимир Зеленски би можел да распише вонредни избори, објави Ројтерс.

„Објавуваме дека се повлекуваме од коалицијата и ги прекинуваме сите активности. Покренуваме иницијатива за нова коалиција со нови цели“, рече во парламентот лидерот на Народен фронт, Максим Бурбак.

Парламентот сега има еден месец да формира нова коалиција или претседателот Зеленски ќе го распушти и ќе распише парламентарни избори. Зеленски минатиот месец на претседателските избори го победи Порошенко со голема предност, но неговата новоформирана партија сè уште нема голема поддршка во парламентот.

Вонредните избори би му биле во прилог на Зеленски, чија популарност е голема и чија партија е на пат да победи на изборите, но без потребното мнозинство во парламентот. Зеленски, кој инаку е комичар без претходно политичко искуство, ќе биде инаугуриран в понеделник.

Парламентарецот Андриј Парубиј пред парламентот рече дека коалицијата престанала да дејствува и дека „за еден месец парламентот мора да формира нова“.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе