Владата на Тереза Меј „преживеа“

На владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва во парламентот ѝ е изгласана доверба.

За доверба на владата гласаа 325 пратеници, додека 306 гласаа против, објави Ројтерс.

Меј вчера доживеа тежок пораз во парламентот, бидејќи пратениците убедливо го отфрлија договорот за брегзит која таа го преговараше со Европската унија.

Веднаш по отфрлањето на договорот со мнозинство од 230 гласови, лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин покрена иницијатива за гласање на доверба во владата, велејќи дека е време парламентот да донесе оцена за „јасната неспособност на владата“.

Откако пратениците изгласаа доверба во нејзината влада, британската премиерка Тереза Меј во парламентот рече дека ги поканила лидерите на парламентарните партии да се состанат со неа уште вечерва за да се обидат да најдат излез од ќор-сокакот кога станува збор за брегзит.

„Имаме одговорност да пронајдеме начин кој може да обезбеди поддршка од Долниот дом“, рече Меј во парламентот, објави Ројтерс.

За таа цел, додаде таа, предложи серија состаноци меѓу високите парламентарци и владини претставници во наредните денови.

„И би сакала да ги поканам лидерите на парламентарните партии поединечно да се состанат со мене, почнувајќи од вечерва“, рече премиерката.

Претходно, владата на Тереза Меј доби доверба во парламентот, откако за нејзината влада гласаа 325 пратеници, додека 306 беа против.

Ваквиот исход од гласањето значи дека таа сега ќе продолжи со разговорите со пратениците од сите партии, во обид да се постигне консензус за тоа како да се постапи кога станува збор за излез на Велика Британија од ЕУ, откако парламентот вчера го одби договорот кој таа го предложи во врска со брегзитот, објави Ројтерс.

Со оглед на фактот дека се ближи 29 март, датумот одреден за конечното излегување на Британија од ЕУ, земјата се наоѓа во најдлабоката политичка криза во последниот половина век, прашувајќи се како, па дури и дали да го напушти блокот на кој му се приклучи во 1973 година, заклучи Ројтерс.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе