Владата на САД воведува експресен процес за депортација на мигранти

Владата на САД донесе одлука со која процесот на депортација на мигранти кои немаат потребни документи ќе стане експресен и ќе ги заобиколи судовите.

Според новиот правилник, секој емигрант кој не може да докаже дека континуирано се наоѓа на територијата на САД повеќе од две години може веднаш да биде депортиран.

Регулативата треба да стане официјална во вторник. Но, Американскиот сојуз за слобода на граѓаните објави дека ќе ја оспори регулативата пред судот.

Според досегашната пракса, само имигрантите уапсени во опсег до 160 километри од границата и кои поминале помалку од две недели на американско тло, биле предмет на моментална депортација. Мигрантите кои биле приведени во други делови на САД морале да бидат изведени пред суд и имале право на адвокат.

Според новиот правилник, емигрантите ќе можат да бидат депортирани без да одат на суд во кој било дел од САД.

Според мислењето на политичките аналитичари, американскиот претседател Доналд Трамп планира ригорозниот пристап во решавањето на емигрантскиот проблем да го прикаже како еден од темелите во својата кампања за реизбор во Белата куќа во 2020 година.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе