Владата на Лукашенко би можела да го суспендира договорот со ЕУ

Владата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави дека би можела да го суспендира договорот со Европската унија за прифаќање бегалци, откако двете страни меѓусебно се обвинуваат за толпата мигранти на белоруската граница.

Фото: ЕПА

Претседателот Лукашенко поднесе до парламентот нацрт-закон за суспендирање на договорот, со кој се обврзува Минск да ги прими назад мигрантите што влегле во Европската унија преку Белорусија, но ги прекршиле нивните услови за влез или престој.

„Документот е подготвен како одговор на непријателските акции преземени од ЕУ и нејзините земји-членки кон Белорусија“, се вели во соопштението на прес-службата на Лукашенко.

Земјите на Унијата го обвинија белорускиот претседател дека охрабрил стотици мигранти илегално да преминат во ЕУ преку Полска и Литванија како одмазда поради западните санкции воведени против Минск.

Белорусија за ситуацијата ги обвини земјите од ЕУ, кои ги оставиле мигрантите на границата и ја принудиле Полска да воведе вонредна состојба во два региони, за прв пат по падот на комунизмот.

Полското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар за потегот на Лукашенко да го замрзне договорот.

Договорот за бегалци, потпишан на почетокот на минатата година пред изборите, беше предуслов за Белорусија да добие поедноставен визен режим за ЕУ.

Мисијата на ЕУ во Минск ѝ достави дипломатски демарш на Белорусија, наведувајќи го како причина зголемувањето на нерегуларните гранични премини за 50 пати.

„ЕУ ја осудува инструментализацијата на мигрантите за политички цели и ги повикува властите во Белорусија да ја прекинат оваа практика“, се вели во соопштението на Унијата, додавајќи дека нерегуларната миграција не може да се користи како преговарачки акт.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе