Едногласна одлука

Владата на Косовo усвои анекс на договорот за демаркација со Црна Гора

Владата на Косово на почетокот на денешната свечена седница по повод десет годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, усвои заедничка изјава - анекс на договорот за демаркација на границата помеѓу Косово и Црна Гора, потпишан од претседателите на Косово и Црна Гора Хашим Тачи и Филип Вујановиќ.

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај рече дека заедничката изјава отвора пат одлуката за демаркација на границата да биде усвоена од страна на Собранието на Косово бидејќи овозможува да се поправат сите можни грешки и непрецизности во договорот меѓу Косово и Црна Гора од 26 август 2015 година.

Владата на Косовo едногласно го усвои анексот на договорот.

На седницата на владата не присуствуваа членовите од Српската листа.

Тачи и Вујановиќ договорија заедничка изјава во четвртокот, а Претседателството на Собранието на Косово синоќа одлучи законот за ратификација на договорот за демаркација на граничната линија да се разгледа на седницата закажана за во недела, 18 февруари во 18 часот.

Предлогот на анексот на договорот го поддржаа сите партии претставени во Собранието на Косово, со исклучок на Самоопределување.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе