Владата на Косово го одложи спроведувањето на мерките за еден месец, бара да се отстранат барикадите

Владата на Косово го одложи спроведувањето на мерките за еден месец, јавија доцна синоќа приштинските медиуми.

Фото: ЕПА

Владата на Косово од денеска требаше да почне со издавање на таканаречените влезно-излезни документи за сите српски државјани што влегуваат на Косово.

Како што соопшти владата во Приштина, овие мерки ќе бидат одложени до 1 септември, доколку денеска се отстранат барикадите поставени на граничните, како што се нарекуваат во Србија - административни премини.

Американскиот амбасадор во Приштина Џеф Ховениер доцна синоќа изјави дека побарал од косовските власти да ја одложат одлуката за примена на реципроцитет за еден месец, бидејќи, како што наведе, има несогласувања и дезинформации во врска со оваа одлука.

„Една од причините што сум тука и што се сретнав со претседателката (Вјоса) Османи и со премиерот (Албин) Курти е да им кажам дека треба да го одложат за 30 дена спроведувањето на одлуката за реципроцитет, бидејќи има несогласувања и дезинформации во врска со таа одлука“, рече Ховениер, пренесе РТК.

Одлуката на Приштина ја поздравија високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

„Очекувам дека сите блокади ќе бидат отстранети веднаш. Отворените прашања треба да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ и да се фокусираат на сеопфатна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, што е од суштинско значење за нивната интеграција во ЕУ“, напиша Борел на Твитер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе