Владата на Кипар се вакцинираше со Астразенека за да ја зголеми довербата во неа

Кипарската влада се вакцинираше против ковид-19 со вакцината на Астразенека, во обид да ја зголеми довербата на јавноста во вакцината на британско-шведската компанија.

Фото: ЕПА

Откако агенциите за лекови во Велика Британија и Европската Унија потврдија дека постои врска помеѓу ретки случаи на тромбоза и примањето на Астразенека, некои земји ја ограничија употребата на вакцината на одредени возрасти или целосно престанаа да ја користат.

Осум министри, двајца заменици-министри и тројца други високи функционери се вакцинираа со Астразенека во Никозија.

„Сакаме да испратиме силна порака дека важна е вакцинацијата, а не самата вакцина“, рече претседателот Никос Анастасијадес, кој во јануари ја прими вакцината на Фајзер/Бионтек.

Уште два члена на кипарската влада беа вакцинирани порано поради нивната возраст.

Како и некои други членки на ЕУ, Кипар во средината на март ја прекина вакцинацијата со Астразенека, но продолжи откако Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека придобивките од вакцината сè уште се многу поголеми од ризиците.

Кипар во моментов може да очекува да вакцинира 70% од населението до крајот на јуни, што, според министерот за здравство Константинос Јоану, ќе ѝ донесе на државата колективен имунитет.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе