Владата на Јемен ги обвини ОАЕ дека спуштиле сепаратисти на далечен остров

Владата на Јемен ги обвини Обединетите Арапски Емирати дека неделава спуштиле околу 100 сепаратистички борци на островот во Арапско Море, тврдење што ОАЕ го негираа, продлабочувајќи го расцепот меѓу формалните сојузници во војната во Јемен.

ОАЕ се една од арапските земји што формално се борат од името на меѓународно признаената влада на Јемен против иранското движење Хути, кое го контролира главниот град.

Но Обединетите Арапски Емирати имаа напнат однос со владата и регрутираа илјадници борци од движењето на јужните сепаратисти, кои се судрија со владините трупи, објави Ројтерс.

Јеменски официјални лица изјавија дека во понеделникот околу 100 сепаратистички борци во цивилна облека се истовариле од поморски брод на ОАЕ на Сокотра, главниот остров во ретко населениот јеменски архипелаг во Арапско Море.

Островот, дел од Јемен, но поблиску до африканското крајбрежје отколку до јеменското копно, е светско природно наследство на УНЕСКО, заштитено од телото на ООН поради својата уникатна флора и фауна.

Ова не е првпат владата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади, со седиште во јужното пристаниште Аден, да се пожали на потезите на ОАЕ во Сокотра.

Владата минатата година ја обвини ОАЕ дека го окупирала островот кога таму истоварила тенкови и војници. Саудиска Арабија, лидер на коалицијата про-Хади, мораше да испрати војници во Сокотра за да го смири спорот помеѓу Емиратите и силите на Хади.

Два владини извори од Јемен во средата соопштија дека Обединетите Арапски Емирати обучиле група од 300 војници што минатата недела се упатиле кон Сокотра во Аден и дека во понеделникот истовариле повеќе од 100 борци на островот.

Министерот за внатрешни работи на Јемен, реагирајќи на извештаите дека јужните сепаратистички војници се упатиле кон Сокотра, минатата недела ги критикуваше ОАЕ и рече дека треба да се концентрираат на борбата против хутите.

„Мислам дека нашето партнерство со коалицијата е војната против хутите и неделењето на управите на ослободените територии“, рече Ахмед ал-Мајсари, пренесоа телевизиските канали.

Државниот министер за надворешни работи на ОАЕ, Анвар Гаргаш, ги негираше информациите. „Ова е дел од лажните вести што ги слушнав денес“, рече Гаргаш подоцна на Твитер, без да елаборира.

И Обединетите Арапски Емирати претходно ги негираа обвиненијата во Јемен дека бараат контрола на островот.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе