Влада на Литванија: Фрлете ги кинеските мобилни телефони

Министерството за одбрана на Литванија препорача луѓето да избегнуваат да купуваат кинески мобилни телефони, а постојните сопственици на таквите уреди да се ослободат од нив - поради цензура, пишува Си-ен-ен.

„Мобилните телефони што се продаваат во Европа од кинескиот гигант за паметни телефони Шаоми корп имаат можност да детектираат и цензурираат термини како што се Слободен Тибет, Да живее независноста на Тајван или Движење за демократија“, соопшти литванското државно тело за сајбер-безбедност.

„Оваа можност на телефонскиот софтвер на Ми10Т на Шаоми е исклучена за регионот на Европската унија, но може да се вклучи од далечина во секое време“, се вели во извештајот на Центарот за сајбер безбедност.

„Наша препорака е да не се купуваат кинески мобилни телефони, како и сопствениците да се ослободат од оние што се веќе купени во најкус разумен рок“, изјави за новинарите заменик-министерот за одбрана Маргирис Абукевикус.

Патем, односите меѓу Кина и Литванија неодамна се влошија. Кина неодамна побара повлекување на литванскиот амбасадор од Пекинг, откако Тајван започна мисија во Литванија, а Кина сметајќи го Тајван за своја територија литванското признавање на оваа земја го доживеа како удар.

Американскиот претседател Џо Бајден изрази поддршка за Литванија. Во извештајот на американскиот Национален центар за кибернетика се вели дека уредите на Шаоми испраќаат шифрирани пораки за кориснички податоци до сервер во Сингапур. Истиот безбедносен пропуст е пронајден кај уредот П40 5Г кај кинескиот Хуавеј, додека таков пропуст не е забележан кај уредите од брендот УанПлус.

Претставници на Хуавеј на Балтикот, од друга страна, ги отфрлаат овие тврдења и инсистираат на тоа дека нивните уреди никому не испраќаат кориснички податоци. Од друга страна, Литванија во својот извештај наведува дека нивното откритие е важно не само за нивната земја, туку и за сите други земји што користат опрема на Шаоми.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе