За Би-би-си

Вистинската Људмила од Чернобил ја раскажа својата приказна, „серијата е полна со лаги“ (ВИДЕО)

Популарната серија „Чернобил“ освои три награди Еми и го врати вниманието на светот кон нуклеарната катастрофа од 1986 година.

Еден од главните ликови во серијата е Људмила Игнатенко, сопруга на еден од првите пожарникари што умреа, која за Би-би-си вели дека никогаш не му дала дозвола на Ејч-би-о да ја пренесе нејзината приказна и тврди дека морала да се крие по серијата поради вознемирување од медиумите.

„Кога дознав дека ќе се снима серија за мене, се чувствував лошо и вознемирено. Новинарите ме бркаа. Знаеја и да стават нога на вратата на мојот стан за да не можам да ја затворам“, вели Игнатенко.

„Кога го посетив мојот сопруг во болницата, тој од под перницата извлече три каранфили. Тоа беа последните цвеќиња што ми ги подари. До крајот на животот ќе се сеќавам како во болницата заедно стоевме крај прозорецот, тоа беше нашиот последен романтичен момент“, вели таа.

Откако заврши серијата Чернобил, Људмила Игнатенко се соочила со критики.

„Некои ми велеа дека сум го убила моето дете затоа што седев во болницата до маж ми. Но кажете ми, како можев да го оставам тогаш? Мислев дека бебето е безбедно. Во тоа време не знаевме ништо за зрачењето“, рече Игнатенко, додавајќи дека смета дека компанијата што ја снимала серијата ѝ згрешила зашто таа не им дала дозвола да ја раскажат нејзината приказна ниту пак некогаш се сретнале со неа.

„Добив повик од Москва во кој некој ми рече дека снимаат серија во Латвија и Киев и дека се обиделе да ме добијат, но не успеале. Ми понудија 3.000 долари. Серијата тогаш веќе беше снимена. Ги прашав: 'Зошто би ми платиле за ова?' Тие рекоа: 'Затоа што постоите'. Им реков дека никој не плаќа за такви работи и им спуштив слушалка“, вели таа.

„Мислев дека се работи за некаква измама. Ме вознемири и тоа што повикот дојде од Москва, а ние имаме напнати односи со Русија“, вели Људмила Игнатенко.

„Тешко ми беше да ја гледам серијата, имаше многу невистини во неа. Ме прикажале како стојам и ги држам чевлите на мојот сопруг на погребот. Да, вистина е дека го погребаа без чевли на нозете, но чевлите беа до него“, додава таа.

Ејч-би-о и Скај, пак, соопштија дека често соработувале со Људмила Игнатенко за време на снимањето и дека таа во ниеден момент не кажала дека не сака во серијалот да се раскажува приказната за неа или за нејзиниот сопруг.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе