Западните држави повикуваат на воздржаност откако Украина огласи тревога поради трупањето руски сили на украинско-руската граница и засилувањето на насилствата долж линијата на раздвојување меѓу владините сили и бунтовниците во источниот регион Доњецк.
„Ја поддржувам оценката дека почетокот на воена акција би бил почетокот на крајот на Украина“, кажа заменик шефот на кабинетот на рускиот претседател, Дмитриј Козак.
Козак беше прашан дали Русија би ги штитела своите граѓани на истокот на Украина.
Спомнувајќи ја во одговорот Сребреница, каде силите на босанските Србија убија околу 7.000 бошњачки мажи и момчиња за време на војната во БиХ, тој кажа: „Сè зависи од размерот на конфликтот. Ако се случи, како што вели нашиот претседател Сребреница, очигледно е дека ќе мора да се вмешаме за да ги заштитиме“.
Во денешниот телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин го обвини официјален Киев за провоцирање во источна Украина.