Вишеградската група повика на брзо проширување на Европската унија на Западен Балкан

Земјите на Вишеградската група (В4) - Чешка, Унгарија, Полска и Словачка – на самитот во Прага повикаа на брзо проширување на ЕУ на Западен Балкан.

Проширувањето на ЕУ е најдобриот начин за промовирање на безбедноста, демократијата и просперитетот во регионот, рече чешкиот премиер Андреј Бабиш за време на прес-конференцијата на премиерите на земјите од В4 по самитот В4 и земјите од Западен Балкан во Прага.

„Безбедноста во Западен Балкан значи безбедност за Европа“, рече Бабиш. Тој изрази надеж дека преговорите за пристап со Албанија и Македонија ќе започнат подоцна оваа година.

Премиерот на Словачка, Питер Пелегрини рече дека проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во безбедноста и просперитетот на регионот.

Официјалните претставници го поздравуваат фактот дека Комесарот за проширување во идната Европска комисија ќе биде Унгарец, бидејќи Унгарија е земја што го поддржува процесот.

Во меѓувреме, полскиот премиер Матеуш Моравјецки го поздрави фактот дека претставниците на Чешка (Вера Јурова) и на Словачка (Марош Шефчович) станаа потпретседатели на Европската комисија.

Косово се повлече од учеството на регионалниот самит во Прага заради изјавите на чешкиот претседател Милош Земан, кој лидерите на таа поранешна српска покраина ги нарече „воени злосторници“.

„Косово испрати дипломатска нота во која се извинува за отсуството откако претходно потврди присуство“, рече Јана Адамчова, портпаролка на чешката влада, пренесе АФП.

Медиумите објавија дека Земан за време на неговата посета на Белград му кажал на српскиот претседател Александар Вучиќ дека му се допаѓа Србија и српскиот народ, но не и Косово. Тој исто така најави преиспитување на можноста Прага да го повлече признавањето на независноста на Косово.

„Држава предводена од воени злосторници не треба да биде во заедница на демократски земји“, додаде Земан, инаку познат како симпатизер на Русија и Кина.

Министерот за надворешни работи на Чешка, Томаш Петричек, рече дека не е во интерес на Прага да се промени одлуката од 2008 година за признавање на Косово како независна држава.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе