Го носат свињите, но заразува и луѓе

Вирус на грип со „потенцијал за пандемија“ најден во Кина

Нов вид грип, кој има потенцијал да стане пандемија, е откриен од научниците во Кина, објави Би-би-си.

Фото: ЕПА

Се појави неодамна и го носат свињите, но може да ги зарази и луѓето, велат тие.

Истражувачите се загрижени дека тој може дополнително да мутира и лесно да се шири од човек на човек и да предизвика глобална епидемија.

Тие велат дека ги има „сите знаци“ дека е високоприспособен да заразува луѓе - и дека треба внимателно да се следи.

Бидејќи е нов, луѓето би можеле да имаат мал или никаков имунитет кон вирусот.

 

Пандемична закана

Еден лош нов вид грип е меѓу најголемите закани од болести што ги следат експертите, дури и додека светот се обидува да ја прекине сегашната пандемија на новиот коронавирус.

Последниот пандемски грип на кој се соочи светот - избувнувањето на свински грип од 2009 година, кое почна во Мексико - беше помалку смртоносен од првичните стравови, главно затоа што голем број постари лица имаа некаков имунитет кон него, веројатно поради неговата сличност со другите вируси на грип што кружеа пред многу години.

Тој вирус, наречен A/Х1Н1пдм09, сега е „покриен“ со годишната вакцина против грип за да се осигури дека луѓето се заштитени.

Новиот вид грип што е идентификуван во Кина е сличен на свинскиот грип од 2009 година, но со некои нови промени.

Досега тој не претставуваше голема закана, но професорот Кин-Чо Чанг и неговите колеги што го проучувале велат дека треба да се внимава на него.

Вирусот, кој истражувачите го нарекоа Г4 ЕA Х1Н1, може да расте и да се размножува во клетките што ги обложуваат човековите дишни патишта.

Тие откриле докази за неодамнешна инфекција што почнала кај луѓе што работеле во кланици и во свинската индустрија во Кина.

Сегашните вакцини против грип се чини дека не нè штитат од него, иако може да бидат приспособени да нè штитат доколку биде потребно.

Професорот Кин-Чо Чанг, кој работи на универзитетот Нотингем во Велика Британија, изјави за Би-би-си: „Во моментов вниманието ни го одвлекува коронавирусот, и со право. Но не смееме да ги заборавиме потенцијално опасните нови вируси.“

Иако овој нов вирус не е непосреден проблем, тој вели: „Не треба да го игнорираме“.

Научниците во списанието Зборник на трудови на Националната академија на науките пишуваат дека треба брзо да се спроведат мерки за контрола на вирусот кај свињите и внимателно да се следи работоспособното население.

Професорот Џејмс Вуд, раководител на Одделот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Кембриџ, рече дека трудот „претставува корисен потсетник“ дека постојано сме изложени на ризик од ново појавување на патогени микроорганизми, како и дека животните на фармите, со кои луѓето имаат поголем контакт отколку со дивиот свет, може да бидат извор на важни пандемични вируси.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе