Викторија Скрипаљ: Сергеј веројатно е мртов

Викторија Скрипаљ, внуката на двојниот агент Сергеј Скрипаљ кој минатата година беше отруен во Велика Британија за што Лондон ја обвини Москва, тврди дека тој „веројатно е мртов“.

„Јулија (ќерката на Сергеј) не му се јави на ниеден член од семејството. Сергеј Викторович Скрипаљ е веројатно мртов. Како прво, не ја контактираше својата мајка, а како второ, дали сте го виделе по сѐ што се случи? Не ни покажаа ни фотографии“, истакна Викторија Скрипаљ.

Таа за Тасс рече дека мајката на Скрипаљ, нејзината баба, Јелена се откажала од патувањето во Велика Британија поради здравствени причини.

Според претходните извештаи во медиумите, тие две планирале да аплицираат за британска виза кон крајот на 2018 година, но Викторија била одбиена.

„Баба ми сигурно нема да оди таму, и покрај тоа што сака, но нејзината здравствена состојба не ѝ дозволува. Таа има 91 години и не се чувствува добро, едвај се движи“, рече Викторија Скрипаљ, додавајќи дека и таа не планира да оди сега во Британија.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе