Државата нема ниту еден активен случај откако последниот пациент со ковид-19 е пуштен од болница оваа недела, што е далеку од август кога земјата имала 700 случаи на ден и вкупно близу 8.000 случаи.
Ширењето на вирусот е запрено само по затворањето кое траело повеќе од 100 дена, што принудило околу пет милиони жители на Мелбурн, вториот по големина град во Австралија, да останат дома, пренесува Ројтерс.
Затворањето овозможило пад на заразата, но го забавило и економското закрепнување на Австралија од првата рецесија во последните три децении откако во март биле затворени големи делови од економијата.
Австралиската јужна островска држава Тасманија неодамна ја отвори границата кон Викторија, обединувајќи семејства кои со месеци биле разделени.
Викторија е последната држава што има пристап до Тасманија, која своите граници ги затвори во март.