Викиликс: Америка поднесе обвинение против Асанж

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс кој во 2010 година објави бројни тајни американски документи, е обвинет во САД, објави Викиликс.

Обвинителите невнимателно, во рамки на друг случај, го открија постоењето на обвинението кое требаше да биде тајна, соопшти организацијата.

Точната содржина на обвинението против Асанж засега не е позната.

На Твитер Викиликс напиша: „Американското министерство за правосудство „случајно“ го откри постоењето тајни точки на обвинение или на планови за такво обвинение против директорот на Викиликс Џулијан Асанж, во она што изгледа како грешка при копирање и спојување во друг случај, кој исто така се истражува во источниот округ на Вирџинија“.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе