Виетнам стави под карантин област со 10.000 жители поради коронавирусот

Повеќе од 10.000 луѓе во селата во близина на главниот град на Виетнам денес се ставени под карантин, откако се откриени шест случаи на смртоносниот нов коронавирус, соопштија властите, пренесе АФП.

Првиот масовен карантин надвор од Кина во земјоделскиот регион Сон Лој на околу 40 километри од Ханој ќе биде затворен на 20 дена, соопшти Министерството за здравство.

Околу шесте села што го сочинуваат Сон Лој се поставени контролни пунктови, соопштено е од тимот на АФП на периферијата на областа во округот Бин Суен.

Здравствените службеници со заштитни одела ги прскале возилата со средство за дезинфекција. Полицијата ги предупредувала луѓето кои сакаат да влезат во областа под карантин дека иако им е дозволено да влезат, нема да можат да излезат.

Наредбата следи откако Министерството за здравство објави дека пет лица се заразени со вирусот, а подоцна е пријавен и шести случај.

Сите заразени потекнуваат од работничка која била испратена во Вухан во централна Кина - од каде потекнува вирусот - на обука.

Болеста потоа се раширила во нејзиното семејство и соседите, вклучително и на тримесечно бебе.

Досега, само работничката целосно се опоравила и е отпуштена од болница, според информациите од министерството, а другите остануваат во „стабилна“ состојба.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе