Виетнам ќе ја купи руската вакцина против ковид-19

Министерството за здравство на Виетнам се пријави за набавка на руска вакцина против ковид-19, објави во петокот државната телевизија.

Фото: ЕПА

„Виетнамското Министерство за здравство се предрегистрира за руската вакцина против ковид-19. Во меѓувреме, Виетнам ќе продолжи да работи на развивање своја вакцина“, објави државната телевизија во соопштението на министерството.

Министерството не кажува колку дози на вакцината нарачало, ниту кога очекува да биде доставена вакцината. Минатиот месец Министерството објави дека сопствената вакцина ја очекува до крајот на 2021 година.

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот објави дека Русија стана првата земја во која регулаторното тело, по помалку од два месеци тестирање на луѓе, ја одобри вакцината против ковид-19 и дека вакцината е безбедна.

Вакцината е развиена од московскиот институт Гамалеја, а првата серија вакцини ќе бидат претставени за две недели, соопштија властите, отфрлајќи ги сомнежите од некои здравствени експерти за безбедноста на вакцината.

Виетнам успешно го совлада првиот бран на инфекција со новиот коронавирус преку строги карантински мерки и тестирања, но сега се обидува да ја спречи инфекцијата што изби на повеќе места поврзани со популарното одморалиште Дананг.

Таму на 25 јули беше откриено ново жариште на заразата.

Виетнам досега има регистрирано 911 случаи на инфекција и 21 починат од последици од ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе