Видео играта Мортал комбат е толку насилна што на „девелопер му е дијагностициран ПТСП“

Популарната видео игра Мортал комбат е позната по исклучително графичкото насилство во играта, со што е поставен стандардот на индустријата, но сега еден девелопер тврди дека им бил дијагностициран ПТСП (Пострауматско стресно растројство) по работењето на играта.

Завршните грозни потези, кои и пркосат на физиката, наречени „фаталитис“, пропратени со обилно крвавење и распарчување на коски, станаа белег на франшизата од нејзината прва понуда во 1992 година.

Девелоперите морале да поминуваат безброј часови во усовршување на ужасни анимации за врвни завршни движења со речиси подеднакво ужасни детали, често поминувајќи денови, па и недели во усовршувањето на распарчувањето на карактерот.

„Ќе шеташ низ канцеларија и еден ќе гледа бесење на Јутјуб, друг ќе гледа слики од жртви на убиства, некој друг ќе гледа видео од колење на крава“, за Котаку изјави анонимен девелопер на игри кој, наводно, работел во кинематичкиот тим за последната верзија на серијата Мортал комбат 11.

Девелоперот тврди дека на играта работеле во текот на 2018 година, прегледувајќи насилни анимации во макотрпни детали, опкружени со ужасен материјал за да ги доловат убиствата што е можно попрецизно. Нивен соработник имал слично искуство и, наводно, не можел да го погледне ни своето куче милениче „без да му ги замислува сите внатрешни органи“.

„Имав екстремно сликовити соништа, многу насилни“, вели тој. „Некако престанав да сакам да спијам, па останував буден со денови, за да избегнам да спијам“.

Девелоперот на крај побарал помош од терапевт кој му дијагностицирал ПТСП откако се запознал со сложеноста на создавањето фрејм по фрејм кинематика на ужасната смрт на карактерите.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе