Неочекувана реакција на Германија

Вицеканцеларот Габриел: Турција е проблематичната, а не Русија

Заменикот на германската канцеларка, Зигмар Габриел, ја искритикува Турција поради уривањето на рускиот воен авион и смета дека Анкара станала проблем во блискоисточниот регион.

„Овој инцидент покажува, врз основа на изјавите што пристигнуваат од други земји од регионот, дека таму постои еден непредвидлив играч, а тоа е Турција, а не Русија“, изјави Габриел за германски Шпигел.

Според него, Турција игра „тешка улога во сирискиот конфликт“.

Сѐ поголем број европски државници за инцидентот што се случи во вторникот ја обвинуваат Турција, а во исто време сѐ почесто се спомнуваат врските меѓу официјална Анкара и Исламска држава.

Многумина се прашуваат кој, всушност, ја купува нафтата од терористите, која е најголемиот извор на приход на терористичката организација.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе