Весникот Монд тврди: Руси вмешани во сајбер нападите врз тимот на францускиот претседател Емануел Макрон

Две групи хакери поврзани со руската воено разузнавачка служба (ГРУ) биле вмешани во хакерските напади на електронската пошта на тимот што ја водел предизборната кампања на францускиот претседател Емануел Макрон за време на претседателските избори во 2017 година, пишува парискиот весник Монд.

Монд пишува дека во документите во кои имале увид се наведува дека хакерскиот напад имал за цел да ги „дестабилизира претседателските избори" во 2017 година.

Две специјализирани единици поврзани со ГРУ „наизменично таргетирале и-меилови на луѓе блиски до идниот претседател на Франција", наведе весникот потпирајќи се на работата на двајца експерти на Гугл, како и на истрага на фирмата Фајерај (FireEye), специјализирана за лов на софистицирани хакери, меѓу кои е рускиот државен апарат.

Парискиот весник пишува дека имал увид во извештајот на специјалните инспектори на Гугл за хакерските напади, како и во истрагата на компанијата специјализрана за сајбернапади Фајерај.

Експерти од Гугл и Фајерај заклучиле дека во хакерскиот напад координирано учествувале две групи хакери поврзани со руската држава.

Првата хакерска група наречена АПТ28 во март 2017 година добила задача „крадење на идентитет“ со испраќање на електронски пораки до мети за да им украдат шифри и имиња. Еден месец подоцна, друга хакерска група Сендворм ја продолжила операцијата.

Два дена пред вториот круг на претседателските избори, точно на 5 мај 2017 година, неколку илјади документи за изборната кампања на Макрон започнале да се емитуваат на Интернет, афера во Франција позната и како Макронликс.

Макрон, кој на 7 мај ја победи кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен, во тоа време изјави дека е спроведена „операција за дестабилизација“ за да се предизвика сомнеж и да се шират дезинформации.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе