Весли Кларк: „НАТО немаше да реагира ако Милошевиќ го прифатеше Рамбуе“

Доколку некогашното југословенско раководство го прифатеше договорот од Рамбуе веројатно нема да дојде до спроведување на акцијата на НАТО, изјави Весли Кларк.

EPA-EFE

Тој кажа дека со интервенцијата било стопирано, како што тврди, етничкото чистење кое се случувало во тој момент, а дека на граѓаните на Косово им била пружена прилика да воспостават безбедност и демократија.

Пензионираниот американски генерал, меѓутоа, смета дека „работата сè уште не е завршена“, бидејќи и понатаму има тензии меѓу Србија и Косово, а кажа и дека тензии има и меѓу Бугарија и Македонија, и на целиот Балкан.

Тој тврди дека „договорот понуден на претседателот Слободан Милошевиќ во основа бил идентичен на договорот предвиден за Босна и Херцеговина“.

Оцени дека Милошевиќ „се вообразил“. „Кога во 1995 требаше да се префрлат НАТО трупите до БиХ, Милошевиќ се согласи и порача дека тоа може да се направи преку територијата на Србија.

Четири години подоцна го смени мислењето отфрлајќи сè што се нудеше.

Ги саботираше односите, преговорите и всушност го направи конфликтот неизбежен. И тврдоглаво се инаетеше околу тоа“, тврди Кларк.

Тој тврди и дека воздушните напади „биле насочени против тогашниот политички режим“. Вели дека Милошевиќ не се предомислил и дека прибегнал кон оружен судир.

„Неговите трупи извршија бројни бруталности на Косово така што тој исход стана неизбежен“, смета Кларк и додава дека по само неколку дена на Алијансата ѝ станало јасно дека Милошевиќ мора да се откаже од Косово.

„Да не се свртеше кон оружје можеби помирување ќе беше можно, денес можеби ќе имаше повеќе мир, ќе ги немаше актуелните тензии“, смета Кларк, и додава дека српските воени и полициски сили се повлекле од Косово, но дека во Србија, според него, и понатаму е сеприсутно незадоволството од исходот.

Агресијата на НАТО врз тогашна Сојузна Република Србија почна на 24 март, а заврши на 10 јуни 1999 година. Одлуката за интервенцијата, без согласност од Обединетите нации, беше донесена по неуспешните преговори во Рамбуе и Париз, во февруари и март 1999.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе