Претседателот на косовското собрание

Весељи: Предвремени избори се неизбежни, оставката на Харадинај е лична одлука

Лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК) Кадри Весељи изјави дека предвремени парламентарни избори се неизбежни и дека ДПК е спремна за избори кога и да се закажат.

Тој на конференција за новинарите по враќањето од официјална посета на САД кажа дека треба да се седне и да се разговара за времето на одржување на изборите.

Весељи кажа и дека оставката на премиерот Рамуш Харадинај била лична одлука и дека за тоа не биле претходно известени.

„Одлуката на поранешниот премиер да поднесе оставка е лична одлука и како таква ја примивме, и покрај фактот што не добивме никакво претходно известување и не бевме консултирани. Вонредни избори се неизбежни. Демократската партија на Косово е спремна за избори, кога и да бидат закажани. Она за што сега може да се разговара е само времето кога тие да се одржат“, кажа Весељи.

Претседателот на косовското собрание кажа дека граѓаните имаат целосна доверба дека државата, суверенитетот и интегритетот се недопирливи.

Зборувајќи за поканите за борците на УЧК од Специјалниот суд во Хаг, кои сѐ уште можат да пристигнуваат, Весељи кажа дека „не треба да се дозволи да предизвикаат забуна и неизвесност кај граѓаните“.

„Нашето уверување во правичноста и чистотата на војната на УЧК е непоколебливо, како и нашето уверување дека ослободителите ќе излезат со чист образ по овој предизвик“, кажа Весељи.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе