Претседателот на косовското собрание

Весељи: Нема да има промена на границите на Косово ниту размена на територии

Претседателот на собранието на Косово Кадри Весељи изјави дека нема да има промена на границите на Косово ниту размена на територии во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој за Дојче веле изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе бидат завршени со „признавање на независната и суверена држава Косово“.

„Ќе има недопирливост на нашата државна територија и целосен суверенитет. Нема да има Заедница на српски општини со извршни компетенции кои би го загрозувале уставниот поредок и територијалниот интегритет на Косово“, кажа Весељи за време на посетата на Тирана.

Истакнувајќи дека ја почитува Србија како независна и суверена држава, претседателот на косовското собрание кажа дека Приштина е многу заинтересирана за правата на Албанците во трите општини на југот на централна Србија, но и додаде дека нема да им дава „претерана надеж и да ја злоупотребува нивната позиција“.

„Треба да се почитуваат нивните права во образованието и останатите сегменти, тие треба да ги уживаат правата што ги уживаат Србите на Косово. Ние бараме од меѓународните партнери, но и од српскиот претседател Александар Вучиќ, ако навистина е заинтересиран за европските интеграции, своите граѓани Албанци кои живеат во Србија да ги третира на достоинствен начин. Во спротивно, ситуацијата нема да биде поволна и нема да има добри услови за успешен дијалог“, кажа Весељи.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе