„Метла“ на Косово

Весељи ги разреши од должност сите кадри на својата партија обвинети за корупција и криминал

Претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК) Кадри Весељи ги разреши вчера од должност сите кадри на партијата во владата, собранието, локалните власти и во самата партија кои се обвинети за корупција, криминал и злоупотреба на службената позиција.

Весељи на конференција за новинарите во Приштина не откри имиња, но меѓу разрешените кадри има министер, заменик министер, негов советник, пратеник, неколку претседатели на разграноци на ДПК и членови на раководството на партијата на централно ниво.

„Со оваа одлука не ја прејудицирам нивната вина и исходот на судењата. Кога ќе бидат ослободени од обвиненијата, ќе го имаат заслуженото место во партијата и во институциите“, кажа Весељи.

Тој потсети дека по повторниот избор за претседател на ДПК „се обврзал дека максимално ќе се ангажира против корупцијата, непотизмот и негативните појави на злоупотреба“.

„Со одлуката поставуваме нови етички стандарди кои треба да се прошират и на другите партии од владејачката коалиција“, кажа лидерот на ДПК и додаде дека таа партија нема да ги поддржи ни функционерите од другите партии кои се осомничени за кривични дела.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе