Сослушан во Хаг

Весељи: Борбата на УЧК беше спротивставување на етничкото чистење што го планираше Србија

Претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК) Кадри Весељи изјави во Хаг, по сослушувањето пред обвинителите на Специјалниот суд за злосторствата на Ослободителната војска на Косово (УЧК), дека борбата на УЧК била „праведна“ и насочена кон „спротивставување на етничкото чистење кое Србија планирала да го изврши на Косово“.

Косовските медиуми претходно пренесоа дека Весељи не давал изјави по завршувањето на сослушувањето, но порталот Телеграфи пренесе негова изјава дека деведесеттите години „биле тешко за народот на Косово“.

„Како што јавно ветив, денес се појавив и го завршив испрашувањето. Ние се спротивставивме на геноцидот над нашиот народ. Борбата на УЧК беше спротивставување на етничкото чистење кое Србија го вршеше на Косово“, кажа Весељи.

Тој ги повика граѓаните на Косово да бидат единствени за да „го надминат и овој предизвик“.

Иако ни во изјавата за Телеграфи не зборуваше за деталите од испрашувањето, ниту за статусот што го имал пред судот, приштинските медиуми пренесуваат дека Весељи се бранел со молчење бидејќи во спротивно испрашувањето би траело неколку дена.

Весељи во понеделникот при тргувањето кон Хаг изјави дека тоа е меѓународен момент да се потврди, како што наведе, „чистотата на војната“ на народот и војската на Косово.

„Горд сум на борбата на УЧК и не би го менувал тој дел од животот за ништо. Историјата на УЧК е приказна за нашиот народ и борбата за слобода и независност“, кажа Весељи.

Засега не е познато дали Весељи е повикан пред обвинителите на Специјалниот суд за злосторствата на УЧК како сведок или осомничен.

Досега пред обвинителството во Хаг беа повикани на разговор околу 200 лица, вклучувајќи дел од поранешните лидерите на УЧК кои беа и дел од косовската политичка сцена по војната.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе