Весељи: Битката во Хаг ќе биде триумфална

Претседателот на Демократската партија на Косово и поранешен претседател на косовскиот парламент Кадри Весељи порача дека неговата и битката на косовскиот претседател Хашим Тачи во Хаг ќе биде триумфална.

EPA-EFE

„Триумфална ќе биде оваа битка за Косово, во која повторно ќе бидам со мојот брат во војна Хашим Тачи. Бидејќи, исправна и триумфална беше и нашата ослободителна војна. Да, сонцето повторно ќе огрее“, напиша Весељи на Фејсбук.

Канцеларијата на специјализираното обвинителство соопшти на 24 јуни дека Тачи и Весељи се наоѓаат на нивно обвинение кое, на крајот на април, го поднеле пред Специјалниот суд за злосторствата на УЧК на потврда.

Тачи, Весељи, но и други лица, чии имиња не се соопштени, според обвинението, се товарат за „низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи убиство, присилчно исчезнување на лица, прогон и мачење“.

Во обвинението се наведува дека тие сносат кривична одговорност за околу 100 убиства.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе