Венецуелски воен брод нападнал германски крузер па се потопил

Венецуелски воен брод нападнал германски крузер, удрил во него неколку пати и успеал да се потопи, јавува Си-ен-ен.

Инцидентот се случил во близина на Венецуела, но во меѓународни води каде крузерот РЦГС Резолут бил на сервисирање за време на редовното одржување. До ескалацијата дошло кога воениот брод на венецуелската воена морнарица го забележал крузерот и веднаш се упатил кон него, наредувајќи му да ја смени насоката на движење.

Според тврдењата на матичната компанија на крузерот од Хамбург, можеле да се слушнат истрели од огнено оружје, а набрзо пота следел страничен удар на венецуелскиот воен брод кој бил намерен.

„Бродот на воената морнарица го удри крузерот од страна за да му ја смени насоката на движење, но наиде на посебен оклоп наменет за крстосување низ мраз. Крузерот претрпе помала штета, но остана во функција, додека бродот на венецуелската воена морнарица претрпе огромна штета и почна да тоне“, се вели во официјалното соопштение на компанијата Колубија круз.

На крузерот имало вкупно 32 членови на екипажот, без патници.

Венецуелската воена морнарица потврди дека инцидентот се случил, но понуди поинаква верзија на настанот. Според венецуелските власти, инцидентот се случил во нивните територијални води, во близина на островот Тортуга. Компанијата на крузерот тврди дека инцидентот се случил во меѓународни води, во близина на Вилемштад, во Куракао.

Министерот за одбрана на Венецуела истакна дека крузерот Резолут „можеби превезувал платеници спремни да ја нападнат Венецуела“.

Претседателот Николас Мадуро го окарактеризира настанот како „терористички акт“ и нареди детална истрага. Мисијата за спасување на членовите на екипажот на венецуелскиот воен брод успешно завршила. Сите членови на екипажот се спасени.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе