Планирале да постават нов претседател?

Венецуела тврди дека спречила план за убиство на Мадуро

Венецуела соопшти дека спречила план за уривање на власта на земјата кој вклучувал убиство на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро и неговите најблиски политички сојузници.

Портпаролот на Мадуро Хорхе Родригез на државната телевизија кажа дека мрежа главно пензионирани полицајци и војници планирала бомбашки напад врз главната зграда на владата и заземање на воздухопловната база во Каракас.

Родригез наведе дека заговорниците сакале да украдат хеликоптер за од затвор да го ослободат поранешниот министер за одбрана и да го постават за претседател на земјата.

Тој кажа дека и лидерите на Колумбија и Чиле го поддржале државниот удар, но не изнесе докази за тврдењето.

Владата на Венецуела во претходните години изнесе повеќе тврдења за различни заговори против неа, главно не давајќи докази со кои би ги поткрепила тие тврдења.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе