Венецуела на Гуаидо му забрани вршење јавна функција на 15 години

Венецуелските власти соопштија денес дека на опозицискиот лидер и претседател на парламентот Хуан Гуаидо му е забрането вршење јавна функција на 15 години, додека се обидува да спроведе државен удар против претседателот Николас Мадуро.

Главниот државен ревизор Елвис Аморосо, кој ја надгледува транспарентноста на државната управа во Венецуела, одлучил „да му забрани на граѓанинот Хуан Гуаидо вршење каква било јавна функција на која се доаѓа со учество на избори во најголемиот можен рок предвиден со закон“, соопшти на државната телевизија, односно во траење од 15 години.

Според Аморосо, кој е близок до Мадуро, Гуидо во својата даночна пријава не оправдал некои трошоци во Венецуела и во странство со пари од други земји.

„Тој бил на патување надвор од земјата кое чинело повеќе од 310 милиони боливари (околу 94.000 долари според сегашниот курс), не наведувајќи го потеклото на тие пари“, кажа венецуелскиот ревизор.

Тоа тело објави на 11 февруари дека почнува истрага против опозицискиот лидер и побара од јавното обвинителство „да ги преземе потребните чекори“, не наведувајќи други детали.

Поранешниот кандидат на претседателските избори во 2013 Енрике Капријес веше санкциониран на истиот начин и му беше забрането учеството на избори, поради што не можеше да се кандидира минатата година.

Гуаидо, кого за привремен претседател го признаа 50-тина земји, ја отфрли 15-годишната забрана за учество на избори на Аморосо, кажувајќи дека тој е нелегитимен.

„Тој не е ревизор. Тој тоа не е и не постои забрана за учество на изборите. Ревизорот може да го именува само легитимниот парламент“, кажа Гуаидо, потсетувајќи дека Аморосо на таа фукнција го именувало Уставотворното собрание, формирано од страна на режимот на Мадуро за да ги преземе овластувањата на Националното собрание, во кое мнозинството го има опозицијата.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе