Венецуела е и понатаму во длабока криза, Гуаидо зборува за нова воена интервенција (ВИДЕО)

Военото решение на кризата во Венецуела е и понатаму опција за ставање крај на политичката криза, особено ако претседателот Николас Мадуро не престане да ги убива демонстрантите, порача лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, пренесува Би-би-си.

Гуиадо истакна дека на антивладините протести во Венецуела досега се убиени 171 лице.

Лидерот на опозицијата спомна неколку можни решенија за кризата во земјата. Едно од решенијата, според него, е воспоставување воена транзиција која ќе доведе до целосно слободни избори. Тој процес Гуаидо го спореди со транзицискиот процес кој во земјата се случи откако во 1958 година од власта беше урнат диктаторот Маркос Перез Хименез. Тогаш војската со земјата управувала девет месеци пред да можат да бидат спроведени слободни избори.

Гуаидо, кој неуспешно се обиде да го отстрани Мадуро од власта во април, тврди дека во земјата и понатаму е силно движењето кое поддржува промени. Иако тој е признат како привремен лидер од страна на повеќе од 50 земји, меѓу кои САД и повеќето земји од Јужна Америка, претседателот Мадуро ја задржа лојалноста на војската и поддршката од важните сојузници Русија и Кина.

Ако се земе сѐ предвид има повеќе опции за решавање на кризата, но употребата на воена сила е многу возможно, особено ако Мадуро продолжи со политиката на репресија, порача Гуаидо.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе