Италија

Венеција поплавена, погодена од најголемата плима последниве 50 години (ФОТО)

Делови од италијанскиот град Венеција се под вода по највисоката плима во повеќе од 50 години, јави Би-би-си.

Водите се искачија на 1,87 метри, според центарот за набљудување на плимата и осеката. Само еднаш откако следењето започнало од 1923 година, плимата била поголема, во 1966 година, кога достигнала 1,94 метри.

На фотографиите се гледаат популарните туристички места целосно поплавени.

Плоштадот Свети Марко - еден од најниските делови на градот - беше најтешко погоден. Базиликата Свети Марко е поплавена по шести пат за 1.200 години, според црковните записи.

Пјерпаоло Кампострини, член на советот на Свети Марко, рече дека четири од овие поплави се случиле во последните 20 години. Градот Венеција го чинат повеќе од 100 острови во лагуна на североисточниот брег на Италија.

Две лица загинаа на островот Пелестрина. Маж кој се обидувал да стартува пумпа во својот дом починал од удар на струја, а второ лице е пронајдено мртво на друго место.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро изјави дека ќе прогласи состојба на катастрофа и предупреди дека поплавата ќе „остави траен белег“.

„Ситуацијата е драматична. Бараме од владата да ни помогне. Трошоците ќе бидат високи. Ова е резултат на климатските промени“, напиша тој на Твитер.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе