Венеција под вода: Ова е резултат на климатските промени (ВИДЕО)

Венеција ја погоди втор најголем бран на плима во историјата, поплавувајќи ја историската базилика и многу градски плоштади и улички.

Базиликата Свети Марко е поплавена шести пат во 1.200 години, од кои четири поплави се случија во последните 20 години, а најновата беше во октомври 2018 година. Засега нема информации за штетата во неа.

Градоначалникот Луиџи Брунјаро изјави дека ќе прогласи состојба на катастрофа и предупреди за сериозна штета.

„Ситуацијата е драматична. Ќе бараме од владата да ни помогне, цената ќе биде висока. Ова е резултат на климатските промени“, напиша Брунјаро на Твитер.

Во исто време, надбискупот Франческо Моралја на конференцијата за новинарите кажа дека историската базилика Свети Марко претрпе „непоправлива штета“, пренесе Ројтерс.

Венеција ја погоди втор најголем бран на плима во историјата, поплавувајќи ја историската базилика и многу градски плоштади и улички.

Поплавите однесоа и една жртва.

Тоа е еден 70-годишен маж што го изгуби животот од струјниот удар што го претрпел кога се обидел да ја вклучи пумпата во својата поплавена куќа, јави АП.

Најновите поплави ги поттикнаа повиците овој историски град подобро да се заштити. Висината на водата на Плоштадот Свети Марко надмина еден метар.

На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледа како длабоката вода тече како река по улиците на Венеција, како и високите бранови што ги удираат бродовите приврзани кај Дуждовата палата. Градските службеници велат дека висината на брановите изнесувала 187 сантиметри, што е нешто помалку од рекордот од 194 сантиметри забележан во 1966 година.

Силни дождови изминативе денови погодија поголем дел од Италија донесувајќи поплави, особено на југот на земјата, а лошо време се прогнозира и за следните денови. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе