Велт: Како Путин ја доби војната без војна

Претседателот на Русија Владимир Путин ја доби војната во Сирија без војна со тоа што американските сили решија да ја напуштат земјата, пишува германскиот весник Велт.

Како што се објаснува, по заминувањето на Америка никој повеќе не може да ги спречи плановите на Москва во регионот да ја води „големата игра“ која, како што изгледаше, на почетокот години на минатиот век Русија засекогаш ја загуби.

„Путин успеа во она што многу паметни воени експерти само можеа да сонуваат. Победа без војна“, пишува Велт.

Се наведува дека раководството на НАТО сега мора да ја сфати сериозноста на ситуацијата и да реагира на соодветен начин.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела донесе одлука за повлекување на американските трупи од североистокот на Сирија, по што Турција ја почна воената операција „Извор на мирот“.

Во меѓувреме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган договори со потпретседателот на САД Мајк Пенс прекин на борбите во период од 120 часа, за курдските сили да се повлечат од границата со Турција.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе