„Игри“ на безбедносните служби

Велт: Брисел е преполн со шпиони, главно руски и кинески

Белгискиот град Брисел е преполн со шпиони, особено руски и кинески, а безбедносните служби дури ги предупредуваат дипломатите да избегнуваат одредени локали во околината на институциите на ЕУ, пишува германскиот весник Велт.

Според информациите на Одделот за внатрешна безбедност на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), „околу 250 кинески и 200 руски шпиони дејствуваат во престолнината на ЕУ“, соопштиле европски дипломати за германскиот весник.

Дипломатите потврдуваат дека се предупредени да избегнуваат конкретни локали, меѓу кои и еден популарен ресторан, како и кафуле во близина на главната зграда на Европската комисија и седиштето на ЕЕАС.

Како што се наведува, руските и кинеските разузнувачи главно работат во амбасадите и трговските претставништва на своите земји.

Велт пишува дека во Брисел е јавна тајна дека аташеата кои ги придружуваат дипломатите на трети земји на приемите во амбасадите се често тајни агенти.

Покрај руските иу кинеските, во Брисел се особено активни и американските и мароканските агенти.

Германскиот весник потсетува на еден шпионски случај од пред 15 години кога во седиштето на Европскиот совет за време на седница на премиерите и министрите на членките, во кабините наменети за преведувачите биле најдени мали шпионски кутии кои можеле да се активираат однадвор.

Така биле прислушувани разговорите во германската, британската, шпанската и француската делегација. Се сомнева дека зад прислушувањето стојат САД и Израел, но докази никогаш не се најдени.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе