На славната „Ла Вуелта“

Велосипедска трка откри плантажа на марихуана во Шпанија (ВИДЕО)

Плантажа на марихуана на покривот на една зграда во Шпанија е откриена благодарение на телевизискиот пренос од хеликоптер за време на велосипедската „Трка околу Шпанија“ – „Вуелта“ кој е во тек.

Додека хеликоптерот ги следел велосипедистите во финишот на осмата етапа на трката во саботата, во телевизискиот пренос од камерата на хеликоптерот се видела плантажа на зграда во Игуалада во Каталонија, на североистокот на Шпанија.

Каталонската регионална полиција отворила истрага откако снимката стана вирална на социјалните мрежи на интернет, дошла во зградата и запленила четириесетина билки канабис, изјави портпаролот на полицијата за Франс прес.

Полицијата сѐ уште трага по сопственикот на плантажата.

„Вуелта“ е меѓу трите најголеми велосипедски трки во светот, покрај италијанската „Џиро“ и „Тур д’Франс“.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе