Велика Британија воведува нови визи за високо квалификувани работници

Велика Британија започнува нов визен систем со цел да го олесни пристигнувањето на странски експерти во земјата, особено од областа на науката, истражувањето и технологијата, објави во средата британскиот министер за финансии.

EPA-EFE/JESSICA TAYLOR

Риши Сунак им порача на пратениците дека се надева дека ќе ја направи Велика Британија „најдоброто место во светот за висок раст и иновативни компании“ и дека тоа ќе ги направи четирите нации „конкурентни на меѓународната сцена“.

„Најавувам амбициозна реформа на визниот систем што ќе биде насочена кон високо квалификувани мигранти“, рече Сунак.

Како што објасни, ова вклучува „нова категорија на неспонзорирани визи базирани на бодирање за привлекување на најдобрите и најперспективни светски таленти во областа на науката, истражувањето и технологијата и нов, подобрен систем за обработка на визи за растечки компании и претприемачи, како и радикално поедноставена бирократија за високо квалификуваните апликанти за виза“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JESSICA TAYLOR

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе